Зошто треба да пиеме МЛАКА ВОДА СО ЛИМОН?

???????????????????????????????

Многу е важно како го започнувате денот. Без разлика кои сте, колкави сте и што работите, она што го правите прво наутро навистина влијае на остатокот од вашиот ден.

Доколку можете да издвоите време само за еден единствен ритуал кој ќе ви го подобри здравјето, тоа нека биде следниот:

ДЕНОТ ЗАПОЧНЕТЕ ГО СО ЧАША МЛАКА ВОДА 

И СОК ОД ПОЛОВИНА ЛИМОН ВО НЕА

Овој ритуал е толку едноставен, а резултатите се толку корисни што навистина не би требало да ги игнорираме:

  1. Ја балансира рН вредноста на организмот: иако содржи лимонова киселина, лимонот е алкална храна и не креира киселост во телото.
  2. Го хидрира лимфниот систем: овозможува да го започнете денот рехидрирани. Кога организмот е дехидриран, не може правилно да ги извршува своите функции, што доведува до натрупување на токсините во телото, стрес, запек, итн.
  3. Го зајакнува имунитетот: лимонот е богат со витамин Ц (одличен против настинки) и калиум (го стимулира мозокот и го контролира притисокот).
  4. Помага при варењето на храната: го стимулира дигестивниот тракт, ја подобрува способноста на телото да абсорбира хранливи материи, и содржи витамини и минерали кои помагаат при ослободување на токсините.
  5. Претставува природен диуретик: помага да ги исфрлиме непотребните материи бидејќи ја зголемува потребата за мокрење, па на тој начин се ослободуваме од токсините побрзо.
  6. Помага при слабеење: лимонот има големо количество на пектин кој помага во потиснување на апетитот.
  7. Ја чисти кожата: витаминот Ц помага при намалување на борите и неправилностите на кожата, и прочистувајќи го организмот од токсини помага и при чистењето на кожата.

Започнете го секој ден со овој ритуал, пред да испиете или изедете нешто друго, и ќе видите колку е полесно да ги донесете најдобрите одлуки за себе, својата исхрана и своето здравје во остатокот на денот!

 

од Ana Azgour

Како мајка на 3 деца на возраст од 8, 5 и 3 години, слободно време скоро и да немам. А во ретките моменти кога ќе ми се создаде прилика, поминувам околу 30-тина минути во кујна, експериментирајќи со нови рецепти за неготвена храна, кои потоа ги уживам со најблиските.

  • Викторија

    Само прво расонете се малку, за да не исечете некој прст додека го сечете лимонот:)

    • Ana

      да, да, очите отворени! :)

  • VLD

    Мора ли да биде водата млака? Пример јас го започнувам денот со сок од лимон ,портокал,цитрон, киви, или сличен микс од овошје што го имам моментално, обавезно додавам мед или јаворов сируп,вода може малку.

    • Ana

      Млака или топла (но не врела) вода служи како „бојлер“ во желудникот и тој не мора да се мачи да создава топлина при варењето на храната, што значи не мора да ви троши дополнителна енергија. Значи млаката вода го олеснува работењето на желудникот. Затоа и во традиционалната кујна најчесто се јаде топла супа пред главното јадење. Доколку не сакаш да пиеш млака вода со лимон пред вообичаениот сок, тогаш во сокот додади малку цимет или ѓумбир, и тие ќе ти го загреат желудникот. Поздрав!

      • VLD

        Благодарам Ана

        • Ana

          Нема проблем :) поздрав!

  • NIID

    Zdravo, dali posle mlakata voda so limon treba da se poceka odreden period pred da se jade bilo sto drugo ili da se pie kafe, caj?

    • Ana

      Здраво, бидејќи целта на млаката вода со лимон е да го започне процесот на прочистување на телото, кафе не е препорачливо… може чај, цедени сокови или густи сокови, или пак овошје.

  • Biljana

    Dali moze redovna upotreba -pod redovna upotreba podrazbiram bukvalno sekoj bez preskoknuvanje veke sest meseci denot go pocnuvam so 0.5 l mlaka vado i sok od eden limonn – da ima negativni posledici..Licno nemam zabelezano , a bidejki imam problemi so bubrezite podobro se custvuvam vo opstata sostojba , no dali toa moze da ja zgolemi kidelosta vo organizamot koja moze da bide pricina da kontra efekt od drugi bolesti

    • Ana

      Биљана, не, напротив водата со лимонов сок го алкализира организмот (без разлика што лимонот е кисел на вкус) и е одлична за бубрезите и за се општо. Значи уживај си го овој ритуал без никаква грижа дека може да ти наштети :)

  • КТ

    И јас исто го применувам овој “ритуал”. Моето прашање се однесува на тоа, млака вода. За да добијам млака вода, јас полнам во стаклена чаша и ја оставам преку ноќ да седи. Е сеа дали е тоа доволно млака или се мисли на подгреана вода на рингла? Благодарам однапред на одговорот :)

    • Ana

      Тоа би било „собна температура“ :) значи се мисли на загреана, но не жешка.

      • КТ

        Благодарам многу! :) Од утре ќе го правам правилно :)

  • Ангел

    Па според мене најлогично е топлата вода да биде топла колку што е и телесната температура т.е. околу 36-37 степени. (А може прво и да си измериш со топломер колку си топол и толку да ја загрееш водата……)

    • Ana

      Точно, водата треба да е отприлика топла колку и просечната телесна температура.

  • gamma

    a na mene limonot mi praj zapek. Dobar e da znam ali sho da napravam da nema toa dejstvije, effekt?

    • Ana

      Лимонот во никој случај не може да прави запек. Запекот се создава од другата храна што ја внесувате, а кога лимонот поттикнува чистење, вашиот организам има проблем со исфрлање на токсините. Треба да внесувате повеќе свежа и чиста храна (не фабрички произведувана), повеќе течности, и да сте физички активни за да го поттикнете работењето на цревата и исфрлањето на непотребните материи.

  • ОБСЕРВЕР

    А што ако водата е малку поладна? Зошто мора да биде топла или млака…за мене аргументот….. “ “…..желудникот и тој не мора да се мачи да создава топлина при варењето на храната, што значи не мора да ви троши дополнителна енергија. “ …е дискутаблен…што ако баш целта е да се потроши повеќе енергија и со тоа согорат повеќе калории? При редукција на телесна тежина ова би било корисно.

    • Ana

      Секако дека различните цели бараат различни начини на подготвување на храната и пијалоците… и се согласувам дека пиењето ладна вода помага во согорување на калориите. Но овде зборуваме за прочистување на организмот од токсини.