Заштита на лични податоци

Почитувани приложената политика за заштита на лични податоци објаснува како ги користиме Вашите лични податоци оставени преку оваа страница. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува и правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработката.

Објавите во Политиката за заштита на лични податоци можат да бидат изменети и секоја измена ќе биде јасно назначена. Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

Прибирање на информации

Личните податоци, доброволно поднесени од нашите посетители: Име, презиме, поштенска адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да се исполни Вашата побарана нарачка. Овие информации ќе се користат единствено за цел исполнување на нарачките и навремено инормирање за нашите понуди од кои можете да се одјавите кога ќе посакате. Личните податоци ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка, по што истите се бришат и уништуваат.

Заштита на Вашата сметка

Вашата лозинка е неопходна за пристап до Вашата сметка. Вашето корисничко име и лозинка треба да се разликуваат и да Ви бидат познати единствено Вам. Користете броеви, букви и специјални знаци и не ја откривајте Вашата лозинка никому. Доколку изгубите контрола врз лозинката, губите и контрола врз Вашите лични податоци и можете да станете предмет на законски водени активности предводени во Ваше име. Заради тоа, доколку Вашата лозинка е компромитирана од било која причина, веднаш известете не и сменете ја лозинката.

Cookies/Технологија на следење

Оваа веб страница може да употребува cookies и технологија на следење во зависност од понудените форми. Cookie и технологијата на следење се корисни за прибирање на информации како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на број на посетители на веб страницата и употреба на веб страницата од страна на посетителите. Личните податоци не можат да се прибираат преку Cookies.

Давање на лични податоци на користење

Само врз основа на закон Вашите лични податоци можат да бидат дадени на користење на државни органи или други институции. Имено, станува збор за следните можни ситуации:

1) Забрането или побарано со Закон

2) Заштита на постоечка или потенцијална измама или неавторизирана трансакција

3) Истрага на измама која веќе се случила

Информациите кон горе наведените тела/институции не се пласирани за маркетинг цели.

Обврска за тајност и заштита на личните податоци

Вашите лични податоци се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено авторизирани вработени имат пристап кон овие информации. Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат.

Последна промена: март 2015