Започнете ја новата година со НОВИ ПОЗДРАВИ НАВИКИ

???????????????????????????????

Пред две години јас и мојата дружина организиравме еден онлајн предизвик за детоксикација: 30-дневен предизвик со кашести сокови (смуди), кој што беше одлично прифатен од дотогашните следбеници на „Сурово и вкусно“, а воедно беше и причина за многу нови луѓе да започнат една нова навика, за која и ден денес ми се заблагодаруваат! :)

Предизвикот се состоеше во тоа секој ден да подготвуваме и објавуваме нови рецепти за смуди, и со тоа да ве поттикнеме и вам да го почнете секој ваш ден со чаша полна здравје!

Дел од оние кои не следеа континуирано по недела-две побараа и целодневни менија кои би биле соодветни после еден ваков одличен почеток на денот, со цел да го продолжат прочистувањето и да одговорат на сигналите на своето тело кое што се повеќе им бара свежа и чиста храна.  Така се случи и следниот онлајн предизвик: 7-дневно мени со висока застапеност на жива храна и еден готвен вегански оброк дневно.

Па така имавме една недела каде што подготвувавме и објавувавме рецепти за појадок, ручек, вечера, салати и десерти, кои се состоеа од околу 80% жива храна и околу 20% готвена веганска храна.

Коментарите беа одлични, а резултатите беа мотивирачки за многумина да продолжат и понатаму со истото темпо.

Оваа година имаме можност да ги подготвуваме сите јадења за вас

во кујната на „Сурово и вкусно“

и да ви помогнеме да ја започнете новата година со нови поздрави навики!  

После полните трпези и гозби со фамилијата и пријателите во изминатиов празничен период, сигурно ќе ви бидат добредојдени неколку недели со полесна и почиста храна. Време е да го освежите организмот и да го прочистите од токсините кои се наталожиле, а воедно и да го зголемите имунитетот и да се ослободите од вишокот килограми.

Ве поканувам да се приклучите кон нашата 4 неделна ПОСТПРАЗНИЧНА ДЕТОКС ПРОГРАМА од 20ти ЈАНУАРИ (вторник) до 16ти ФЕВРУАРИ (понеделник).  

Програмата опфаќа 5, 6 или 7 дневно мени, кое вклучува: смуди, појадок, салата, ручек, макало и зеленчук. Сите рецепти се подготвени од свежо овошје и зеленчук, јатки, семки, житарки, мешунки, ладно цедени масла и суперхана.

Учеството во оваа програма чини 600 денари на ден.   

5 дена – 3,000ден (понеделник-петок)

6 дена – 3,600ден (понеделник-сабота)

7 дена – 4,200ден (понеделник-недела)

20 дена – 12,000ден (понеделник-петок, 4 недели)

24 дена – 14,400ден (понеделник-сабота, 4 недели)

28 дена – 16,800ден (понеделник-недела, 4 недели)

Сите заинтересирани нека ни пишат во инбокс на www.facebook.com/surovoivkusno  или на  surovoivkusno@gmail.com  За секоја уплата на 5, 6 или 7 дневни менија однапред следува 5% попуст, а за секоја уплата на 4 неделна програма однапред следува 10% попуст.

МЕСТАТА ЗА УЧЕСТВО ВО ОВАА ПРОГРАМА СЕ ОГРАНИЧЕНИ! 

Совет: наредниве денови кои и претстојат на ДЕТОКС ПРОГРАМАТА, обидете се да ги поминете без да внесувате тесто и тестенини, шеќер, месо, риба, јајца, млеко и млечни производи, или истите да ги сведете на минимум. Размислете за се она што го внесувате секојдневно и подгответе го организмот за она што претстои. Верувајте ми, телото ќе ви биде благодарно! :)

од Ana Azgour

Како мајка на 3 деца на возраст од 8, 5 и 3 години, слободно време скоро и да немам. А во ретките моменти кога ќе ми се создаде прилика, поминувам околу 30-тина минути во кујна, експериментирајќи со нови рецепти за неготвена храна, кои потоа ги уживам со најблиските.