Време за подготовка и испорака

Време за подготовка

Приготвувањето на жива и готвена веганска храна опфаќа повеќе фази кои не се карактеристични за класичното готвење.

Нашите јадења секогаш се приготвуваат со свежи состојки од кои најголемиот дел се термички необработени, па затоа е потребно да поминат низ соодветен процес на миење, киснење, отстојување и подготовка. Секогаш се трудиме времето за подготвка да биде најкратко што може, меѓутоа припремата на некои од состојките понекогаш трае и по неколку часа, пред истите да бидат употребени во самите јадења. Токму затоа некои од јадењата воопшто не се брзи за подготовка, поради што и не можат да бидат достапни во секое време.

Она што е достапно во моментот и што може да се подготви за релативно брзо време, е означено како такво на нашето мени.

Доколку вашата нарачка се однесува за следниот или некој нареден ден, и доколку сакате да нарачате јадење кое во моментот е означено како недостапно, ве молиме да не контактирате за да ја потврдиме достапноста на тоа јадење за тогаш кога вам ви одговара.

НА КРАТКО:
– сите јадења кои се достапни во моментот кога ја правите нарачката се означени како такви и можат да се подигнат или да бидат испорчани веднаш
– ако нарачувате за некој нареден ден, тогаш јадењето ќе ви биде подготвено според вашите потреби, дента кога сакате да го подигнете или да ви биде доставено.

Испорака 

„Сурово и Вкусно“ има склучено договор за соработка со дистрибутивната мрежа на сервисот „Кликни Јади“. Сите испораки се вршат исклучиво од страна на нивниот обучен персонал, до вашата домашна или службена адреса.

Нарачаните производи ќе бидат доставени до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака. Доколку нема кој да ја прими пратката на дадената адреса, доставувачот ќе ве контактира на вашиот број оставен при правење на нарачката или ќе ви остави писмена информација за направениот обид.

Испорака се врши само на територија на град Скопје. Трошоците за испорака се додаваат на вкупниот изност на производите кои ги нарачувате. Цената за испорака е 50 денари по нарачка.

При креирање на нарачката исто така можете да изберете подигнување на производите во нашиот локал. Работното време и локацијата можете да ги видете тука.

НА КРАТКО:
– вршиме испорака до сите реони на град Скопје по фиксна цена од 50 денари
– нарачаните производи можете да си ги подигнете од нашиот локал во рамки на предвиденото работно време.