Mar 062013
 

Мака е корен кој потекнува од највисоките делови во Перу и расте во екстремно студени услови, каде ниедно друго растение не може да преживее. Коренот се суши на ниски температури, а потоа се меле и се продава во форма на прашок.

Билкарите веруваат дека отпорните растенија се особено вредни. Обезбедувајќи ги сите есенцијални амино киселини (оние кои телото не може да ги произведе само), маката претставува комплетен протеин. Таа содржи голем процент на калциум, железо, магнезиум, натриум, сулфур, калиум и фосфор. Исто така содржи низа витамини вклучувајќи ги витамин Ц, витамин E, витамин Б1 и Б2. Има богат сладок вкус кој одлично се комбинира со какао, уште една популарна супер-храна.

Оваа суперхрана е адаптоген, што значи дека го нормализира телото и му овозможува подобро да реагира на различни внатрешни и надворешни влијанија, како што се ментална вознемиреност и физички повреди.

Маката е најмногу позната по својата способност да ги регулира хормоните. Таа не содржи хормони во себе туку го поттикнува телото да произведе повеќе или да го намали нивото на истите. Преку своите адаптогени карактеристики, маката може да го зголеми производството на одреден хормон чие што ниво е ниско, но и да има спротивен ефект доколку нивото на друг хормон во телото е високо.

Дел од придобивките од мака се следниве:

  • претставува природен афродизијак бидејќи ја зголемува сексуалната желба
  • влијае врз зголемување на либидото, подобрување на сексуалната функција и подобрување на плодноста (го зголемува бројот на сперматозоидите)
  • позитивно влијае на предменструалниот синдром, ги намалува менструалните болки и придонесува за редовен циклус
  • ги ублажува симптомите на менопауза (променливо расположение, психички немир, депресија, топлотни бранови, потење, остеопороза)
  • може да помогне во намалување на бројот и интензитетот на мигренски главоболки преку воспоставување на рамнотежа на нивото на естроген и прогестерон во телото
  • има позитивен ефект во случаи на депресија и анксиозност
  • го подобрува имунитетот и го успорува процесот на стареење
  • ја зголемува виталноста, енергијата и целосниот баланс

Како и се друго, и оваа супер-храна треба да се конзумира во умерени количини.

Јас најчесто ја користам во смуди, но ја додавам и во десерти, шејкови, или попрскана врз овесни снегулки. Еве неколку рецепти за инспирација:

И секако, големиот хит МАКА-јато, објавен во мојата е-Книга „Блескави Празнични Задоволства“

  • ½ чаша индиски ореви (киснети минимум 3 часа)
  • 1 ½ чаша вода
  • 1 лажица мака
  • 1 лажица рогач (или какао)
  • 1 лажица ванила екстракт
  • 1 лажица агаве сируп

Најпрво се блендираат индиските ореви со малку вода додека да се добие кремаста смеса. Потоа се додава остатокот од водата и другите состојки, и се блендира уште малку за да се измешаат вкусовите. Одлична замена за кафе!

Органска мака во прав, со потекло од Перу, може да најдете во БИОкулт, во пакување од 250гр по цена од 495ден.

Корисни линкови: 
The Power of Maca
Maca Root Powder
Maca Powder Benefits

 

Be Sociable, Share!

 Leave a Reply

(required)

(required)

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Current month ye@r day *