Киноа со Салата од Брокула, Карфиол и Црвена Зелка

AnaAzgour_Kinoa_BrokulaKarfiolCrvenaZelka1-1024x731

За сите оние кои не веруваат дека ручек може да се спреми и за само 15 минути…. ;)

Потребни состојки:

  • 100гр киноа (`ртена или варена)
  • 1/3 главица брокула
  • 1/3 главица карфиол
  • 1/4 главица црвена зелка
  • маслиново масло
  • јаболков оцет
  • хималајска сол
  • маслинки

Доколку сакате киноата да ја јадете жива, процесот на `ртење е објаснет тука и трае отприлика 2 дена. Јас лично не ја поднесувам добро жива, па затоа ја припремам варена (претходно потопена во вода околу 30 минути, а потоа варена на тивко околу 12 минути).

Брокулата и карфиолот се мелат на ситно во мултипрактик. Зелката се сече на ситно и се меша заедно со брокулата и карфиолот. Се додава маслиново масло, јаболков оцет и сол по желба. Се гарнира со неколку маслинки.

* доволно за 2 лица, се припрема за 15 минути.

од Ana Azgour

Како мајка на 3 деца на возраст од 8, 5 и 3 години, слободно време скоро и да немам. А во ретките моменти кога ќе ми се создаде прилика, поминувам околу 30-тина минути во кујна, експериментирајќи со нови рецепти за неготвена храна, кои потоа ги уживам со најблиските.