Sep 032012
 

Отсекогаш ми биле попривлечни чинии полни со разнобојна храна која би ја изела со поглед уште пред да ја вкусам…. еве една таква чинија…

Брокула со Кари Сос и салата од Цвекло и Морков

Брокула со Кари Сос и салата од Цвекло и Морков

Потребни состојки за Кари Сосот:

  • 100гр индиски ореви (киснети во вода 2 часа)
  • 1 лукче
  • 1/2 лажичка хималајска сол
  • 2-3 лажички кари (по желба, во зависност колку јак вкус сакате да има сосот)
  • сок од 1/4 лимон
  • 100мл вода (максимум)

Најпрво се блендираат индиските ореви со малку вода додека да се добие кремаста смеса. Потоа се додаваат останатите состојки и се блендира се заедно додека да го добиете сосот со посакуваната густина.

Останати состојки (мерки по желба):

  • брокула
  • цвекло
  • морков
  • маслиново масло
  • јаболков оцет
  • ленено семе
  • сусам

Брокулата се сече на мали парчиња и се попрскува со малку маслиново масло, а одозгора се става кари сосот. Цвеклото и морковот се рендаат, и им се додава малку јаболков оцет, а одозгора се попрскуваат со ленено семе и сусам.

Уживајте!

* сосот е доволен за 4 порции, се припрема за 5 минути.

Be Sociable, Share!

 Leave a Reply

(required)

(required)

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Current month ye@r day *